Политика

Тимоние за идно членство во ЕУ: Клучна е борбата против корупцијата

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска уште еднаш порача дека владеењето на правото и борбата против корупцијата е приоритет и суштински дел на идната интеграција на новите членки.

На прашањето за очекувањата од средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и шефот на француската држава Емануел Макрон идната недела во Париз и дали тоа ќе придонесе за поголема динамика во македонско-француските односи, Тимоние не сакаше да коментира.

– Во се она што е комуникација околу таа официјална посета, сепак би ве упатил на претседателството на Републиката, затоа што сметам дека не би било куртоазно од моја страна однапред да говорам за тоа, вели Тимоние.

Конференцијата „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид“, се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан што симболично го означи крајот на Студената војна и почетокот на процесот на транзиција на правните системи во пост-комунистичките земји.

Поврзани вести

Преку видеоконференција С.Македонија прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка

Берта Китинска

Пред изборот на новата Влада, техничкиот премиер Спасовски ќе одржи прес-конференција

Берта Китинска

Европарламентот ќе бара одговори од ЕК за унгарските финансии во македонски медиуми

Влатко Зорба

Вархеји: Преговорите со Северна Македонија можат да се отворат за неколку недели

Влатко Зорба

Џафери: Изборите можат да бидат одложени се додека не бидат распишани

Влатко Зорба

Ампева за наводните откази на текстилни работнички: Наведете извор или фирма, во спротивно не ширете паника

Влатко Зорба