Политика

Тодоров: Ова е историски ден за НАТО и нашите граѓани, од сега натаму не сме сами

Историски ден за НАТО, и за сите граѓани на Северна Македонија.Тука сме стоиме цврсто и стабилно пред централното седиште на НАТО, конечно заедно сите сојуззници. Нашето знаме се виори заедно со другите 29 знамиња на НАТО сојузницте, изјави денеска в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров на свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел, на која претходно се обрати и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Со членството во НАТО нашата иднина ќе биде стабилна, безбедна и просперитена. И ние ќе носиме одлуки за најважните прашања во рамките на насилната, најдобро организираната и најефикасната алијанса во историјата на шовештовото.Од сега натаму не сме сами, рече Тодоров.

Ние сме свесни, додаде тој, дека НАТО не е само за нашата стабилност и безбедност и сигурност. Како мала земја во срцето на Балканот која ја доби својата независнот пред речиси 30 години на мирен начин, прашањето на нашата безбедност, посочи Тодоров, секако е прво и најважно, меѓутоа нашето пристапување кон НАТО потврдува едно поважно постигнување, а тоа е гаранција за заштита на демократските вредности на модерниот западен свет на парламанетарна демократија кои ги споделуваат една милијарда луѓе на овој дел од светот, а ги споедлуваме и ние – човековите права, владеењето на правото, доброто владеење и социјална заштита за сите.

-.Нашето членство во Алијансата длабоко сум убеден дека е триумф на три интегрални сегменти од нашата Влада. Надворешната политика и нејзината професионална демократија, Армијата и нашата мудра, сеопфатна и темелна одбранбена политика, но над се тоа е триумф на целото македонско општетство и на сите граѓани на нашата Република, рече Тодоров.

Тој порача дека Северна Македонија е подготвена да ги преземе сите обврски од членството во НАТО.

– Подготвени сме целосно да го земеме нашето место во телата и структурите на НАТО. Подготвени сме да учествуваме и да дадеме наш придонес со цел успешно функционирање на нашата организација и од сега и засекогаш, еднаш и засекогаш ќе памтиме и ќе велиме – Ние сме НАТО, потенцира Тодоров.

Македонското знаме днеска истовремено ќе биде подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.

Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеа и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и сите членови на владиниот кабинет.

Инаку, формалната постапка за членството во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на нашата земја во алијансата.

Поврзани вести

Средба на Димитров со новиот кинески амбасадор Ѕуо

user3

Заев: Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните

Влатко Зорба

(ЖИВО) Прес-конференција на техничкиот премиер Спасовски во Владата

Влатко Зорба

Мизрахи: Доста ми е од луѓе кои мислат дека со сила можат да ме заплашат и замолчат

Петров: Повратот на ДДВ кон фирми за месец април зголемен за 23%

Берта Китинска

Касами: Се надеваме дека нема да мора да се одложат изборите

Влатко Зорба