Политика

Трајанов: Без договорите со Грција и Бугарија далеку ќе бевме и од НАТО и од ЕУ

На сите ни е јасно дека без договорите со Грција и Бугарија далеку ќе бевме и од НАТО и од ЕУ, и затоа сум против ретроградните идеи со кои се најавува ревизија на договорите, судење за велепредавство и сл. Тоа е манипулација со чувствата на граѓаните, порача денеска претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов на шестиот конгрес на партијата на кој е реизбран за претседател.

– Демократскиот сојуз повеќе од дваесет години опстојува на политичката сцена, препознатлив е по своите принципиелни ставови, објективност и искреност. Ние ниту едно значајно прашање не премолчуваме, за се имаме свој став и тој им го соопштуваме на граѓаните, рече Трајанов.

Во своето обраќање Трајанов истакна дека приемот во НАТО е од огромна важност за стабилноста на државата, владеењето на правото и економскиот развој, а одлуката на ЕУ за започнување на пристапните преговори ќе ги забрза демократските процеси и севкупниот развој на Македонија. Промената на името на Република Македонија е најтешката и најризичната одлука за која следните генерации од историска дистанца ќе можат да дадат објективен суд дали ја зајакнале независноста и отвориле перспективи на Македонија.

Трајанов нагласи дека Демократскиот сојуз во парламентот ќе предложи нов Закон за борба против организираниот криминал, со конфискација на криминално стекнатиот имот и забрана за политичко дјествување. Најави и уставни промени за прецизно дефинирање на одговорноста на судиите и обвинителите, но и други системски промени околу можноста за распуштање на парламентот, импичмент на претседателот на државата, преиспитување на Бандетеровото мнозинство и други решенија со кои ќе се јакне граѓанскиот концепт на државата.

Натамошната соработка со другите партии, според Трајанов, ќе зависи дали ќе останат на предизборниот договор, после изборите, во рок од три месеци да се прифатат предлозите на Демократскиот сојуз, Македонија да биде една изборна единица, за да се создадат еднакви услови и шанси за сите партии, и да се сруши монополот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои 30 години се менуваат на власт, но државата стагнира.

Од Конгресот, Демократскиот сојуз упати повик до сите граѓани да излезат масовно и да ги поддржат европските вредности, да гласаат за кандидатите на коалицијата „Можеме“ под реден број 3.

Поврзани вести

Николов: Одлуката за намалување на тестовите е политичка

Просечната пензија идната година се зголемува на 15.500 денари

Влатко Зорба

Заев: Владата предводена од СДСМ значително повеќе ги зголемува нето платите од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Заев: Избори мора да има и тоа во најбрз можен рок

СДСМ: Вкупниот буџет за субвенции во земјоделството годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања

Влатко Зорба

СДСМ: Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да брои

Влатко Зорба