Политика

Трибуна: Димитар Стевананџија, иако има стан во Скопје, наплатил 23 000 евра за патни прошоци

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп, Димитар Стевананџија во 2014 и 2015 година по основ на патни трошоци од Собранието наплатил 1.382.080 денари односно приближно 23.000 евра, пишува порталот Трибуна.

Тоа се случува и покрај фактот дека Стевананџија во 2014 година станува сопственик на стан во Скопје на улица Васил Ѓоргов бр. 9/2-11 со вкупна површина од 50 м2 и вредност од 2.745.000 денари.

Иако согласно Законот за спречување на корупцијата, избран или именуван функционер најдоцна 30 дена од денот на изборот или именувањето треба да пополни анкетен лист со детален попис на недвижниот имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова или во сопственост на членовите на неговото семејство, Стевананџија НЕ го пријавил станот во својот Анкетен лист поднесен по стапувањето на функцијата пратеник во 2014 година.

Иако поседува стан во Скопје уште од 2014 година, Стевананџија продолжил да наплатува патни трошоци од буџетот на граѓаните и Собранието. За спомнатиот период од 2 години сумата изнесува 23.000 евра, пишува порталот.

Поврзани вести

Најмалку 400 милиони денари ќе бидат потрошени за медиумската изборна кампања на партиите

Влатко Зорба

ССНМ: Загрижува нетранспарентноста при разрешувањето на Димитровски од „Фокус“

Влатко Зорба

Тимоние за „мал шенген“: Секоја соработка во овој регион е добредојдена

Влатко Зорба

(ВО ЖИВО) Прес на министерот за здравство, Венко Филипче

Влатко Зорба

Владина делегација во Виена на средби со претставници на австриски компании

Влатко Зорба

Седници на шест собраниски комисии