Политика

ЦЈЗ: Ниту еден пратеник или вработен во собраниските служби нема да оди во изолација

Ниту еден пратеник или вработен во собраниските служби нема да оди во изолација поради Ковид-19 откако беше соопштено дека двајца пратеници се позитивни на вирусот. Ова за МИА го соопшти директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов, кој рече дека во Собранието на Република Северна Македонија се почитуваат сите мерки и препораки за превенција од Ковид-19.

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ денеска преку својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид-19, додека вчера собраниските служби информираа за пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски правел тест за ковид бидејќи сакал да патува во странство со семејството и е во изолација во домашни услови, додека Јахоски имал зголемена телесна температура и е хоспитализиран на Инфективната клиника.

Министерот за здравство Венко Филипче претходно денеска изјави дека во текот на денов ќе се знае колкумина пратеници треба да одат во самоизолација бидејќи се уште се изработуваат епидемиолошките анкети.

Поврзани вести

Бугарите не уценуваат и условуваат бидејќи и попуштивме на Грција, вели Ристовски

Берта Китинска

Заев за наградата Фридрих Еберт: Продолжуваме да се бориме за европска иднина и отворено општество

Влатко Зорба

Манчевски до Стоилковски: Јас ќе се откажам од платата, ти дали ќе се откажеш од ширење на лажни вести?

Влатко Зорба

СДММ: Плакета за ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија со почесен претседател, Никола Груевски, осуден криминалец во бегство

Никола Поповски

Заев : Градиме квалитетни младински политики и вложуваме во човечкиот капитал

Влатко Зорба

Глигорова: Мораме да ставиме крај на должничкото ропство, имате банки кои наплаќаат скриени кредити