Политика

Уставен ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд.

– Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа седница на која единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020). Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот, се зазеде став седницата да продолжи во наредните денови за што јавноста ќе биде известена навреме, стои во соопштението од Уставниот суд.

Од Уставниот суд информираат дека и во услови на вонредна состојба продолжува да ги извршува своите уставни надлежности и ја следи и анализира состојбата со донесувањето на уредбите со законска сила од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Поврзани вести

СОНК го ставаат штрајкот во мирување, Адеми вели дека се максимално посветени за изнаоѓање решение

Влатко Зорба

Судењето за предметот „Тортура“ ќе стартува од почеток

user3

Скопје очекува датум за преговори и сатисфакција за сработеното

Влатко Зорба

Заев има аргументи да го убеди Макрон: Проширувањето на ЕУ заедно со промена на методологијата

Maja_Serafimova

Заев: Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме

Влатко Зорба

Трајанов: Власта не смее во вакви ситуации да им се додворува на верските заедници