Политика

Васев: ВМРО-ДПМНЕ дејствува опасно по јавното здравје

Очајниот губитник Христијан Мицкоски продолжува со неодговорно, незрело однесување, опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните. Денеска безидејниот Мицкоски повторно ќе организира таканаречени протести кои се со единствена цел – спас на неговата фотелја во белиот дворец. Дефилето со луксузни автомобили за одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе заврши во Штип, вели Стефан Васев од СДСМ.

Тој  ги советува  приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М” да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили.

„Токму така правеше нивниот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место.Во време кога се соочуваме со есенскиот бран на коронавирусот, Мицкоски продолжува да се однесува незрело и да биде закана по јавното здравје.

Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а надвор одржуваат јавни собири на кои редовно се прекршуваат мерките за заштита од КОВИД 19. Класично деструктивно дејствување на губитник Мицкоски.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски. Оваа партија знае само да брани криминал и да се обидува да го поткопува здравствениот систем.За нив, личниот и партискиот интерес е далеку пред интересот и здравјето на граѓаните. Затоа губат три пати на избори, затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму, вели Васев.

Поврзани вести

Левица поднесе 425 приговори до ДИК

Влатко Зорба

Советот на амбасадори апелира да се земат предвид здравствените последици врз населението кога се договараат изборите

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со своето гостување докажа дека е срам за Македонија

Никола Поповски

Османи повика на лидерска средба кај Пендаровски за државен консензус во пресрет на преговорите со ЕУ

Граѓаните на избори на 12-ти април ќе одлучат каде ќе се движи државата

Maja_Serafimova

Измени во статутот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски може да биде претседател само уште еден мандат