Политика

Вељаноски реагира: И Андов го извести Црвенковски дека не е избран претседател на Собрание, па не беше суден за тероризам

Поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, реагира во врска со, како што наведува, вчерашната изјава од Кабинетот на претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека „Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“.

Вчера Вељаноски го тврдеше сосема спротивното, дека актуелното Собрание не може да се смета за конституирано, бидејќи нема избран претседател,т.е. спикер.

„Сакам да ја известам јавноста, но и претседателот Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на Собранието на РМ и била прекината седницата, нејзиниот претседавач да го известува претседателот на државата дека е конституирано Собранието.Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на петтиот парламентарен состав – на конститутивната седница одржана на 27 јули 2006 година тогашниот претседавач г-н Стојан Андов ја прекина седницата после третата точка без да се изврши избор на претседател на Собранието на РМ бидејќи немаше предлог за претседател на Собранието на РМ и ја одложи седницата, но истовремено на 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач а не како претседател на Собранието на РМ го извести претседателот на РМ дека е конституирано Собранието иако не беше избран негов претседател. И врз основа на тој допис од претседавачот Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатар. Но за среќа тогашниот претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време“, наведува Вељаноски.

Тој додава дека овие факти може да се проверат во архивата на претседателот на државата и во архивата на Собранието.

Во врска со вчерашната изјава од Кабинетот на Претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека “Во 2016 година,…

Gepostet von Вељаноски Трајко am Donnerstag, 6. August 2020

 

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Владата ѝ дала пари на невладината на Јасна Мандиќ за да влијае во случајот „Рекет 2“?

Мицкоски: Пендаровски не требаше да прогласи вонредна состојба по вторпат, ниту сум султан, ниту монарх во оваа држава

Дополнетиот предлог ребаланс во Собранието

Влатко Зорба

Шекеринска: Избори на 5 јули за демократски институции со полна сила и капацитет

Владата предводена од СДСМ на дело покажува дека е посветена бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата

Александар Петровски

Овозможена работата на фабриките и за време на полицискиот час во сабота и недела, работниците со посебни дозволи

Влатко Зорба