Политика

Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.

Поврзани вести

Николоски за 360 степени: Борисов и екипата настапија крајно непрофесионално и тенденциозно (ВИДЕО)

Влатко Зорба

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се да создадат политичка криза, но од изборен пораз нема да се спасат

Мицкоски за „Отворено“: Приоритет ни се интересите на народот и на нашата татковина

Влатко Зорба

Дончев: Буџетот на Фондот во 2020 година за 100 милиони евра поголем од оној во 2018-та

Влатко Зорба

Спасовски: Турција е наш кредибилен, доследен и принципиелен поддржувач со кого споделуваме заеднички цели и предизвици

Никола Поповски

Филипче: Граѓаните имаат лекови во почетокот, на средината и кон крајот на месецот

user3