Политика

Владата донесе Уредба за примена на Законот за ААВМУ за време на вонредна состојба

Уредба со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, беше усвоена на денешната седница на Владата.

Со Уредбата за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба се регулира поднесувањето на пријави во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за реемитување на програмски сервиси на странски радиодифузери кои операторите планираат да ги реемитуваат на својот програмски сервис за територијата на Република Северна Македонија, операторите ги доставуваат пријавите во ААВМУ.

Подзаконските акти донесени од ААВМУ согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги продолжуваат да се применуваат се до донесувањето на соодветните подзаконски акти определени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, информираат од владината прес-служба.

Поврзани вести

Османи: Владите на Северна Македонија и Србија го усвоија Договорот за граничниот премин Лојане – Миратовце

Влатко Зорба

Граѓаните може да пријават во Хелсиншки прекршување на избирачкото право

Влатко Зорба

Богојески: Компромисот со криминалот не носи далеку од ЕУ

Влатко Зорба

Ахмети: Сите прислушкувања што се направени се пуштени на пазарите во Феризај и Истанбул

Шекеринска од Ресен: Отворивме над 50.000 работни места, ги качивме пензиите

Влатко Зорба

Пецас: Не постои никаков проблем околу ратификацијата на трите договори со Северна Македонија

Влатко Зорба