Политика

Владата ќе издвои 54 милиони денари за здравствените работници ангажирани околу Ковид-19

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19. Средствата ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава, соопшти Министерството за здравство.

Овие 54 милиони, како што се посочува, се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот „Ремдесивир“, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан наредните денови, со што ќе почнат да се реализираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија, информираат од Министерството за здравство.

Поврзани вести

АА и коалцијата „Сега е време“: Изборните резултати се спорни

ДОМ: Со новиот Правилник, построги казни за загадувачите

Влатко Зорба

Тимоние: Македонија и Бугарија да продолжат со изнаоѓање заеднички решенија

Заев – Туск: Северна Македонија ги исполни сите услови за преговори

Влатко Зорба

Спасовски: Овие 14 дена вонредна состојба се за рестартирањето на македонската економија, избори мора да има час поскоро

По предлогот на Чулев: Не е предвидена награда од 15.000 денари за полицајците со ребалансот на буџетот

Влатко Зорба