Политика

Владата на Груевски за 7 години им дала 25 милиони евра на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ

Над 26 милиони евра добиле националните телевизии во земјава во периодот од 2010 до 2017 година од поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а 95 отсто од оваа сума завршиле на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ.

Ова го покажуваат податоците во базата „Отворени финансии“, објави денеска Призма.

Точната сума е 26,6 милиони евра, а поголем дел од нив, над 90 отсто, поранешната влада ги дала директно од својот буџет, од ставката „други трансфери“, а министерствата и владините секретаријати придонеле со само неколку ситни проценти.

Деведесет и пет проценти од оваа сума завршиле на сметките на три национални телевизии – на прво место е Сител со исплатени 10,2 милиони евра во тој седумгодишен период, а најмногу од парите добиле во 2015 – 1,8 милиони евра. На второ место е Канал 5 со 8,5 милиони евра, а трета е Алфа ТВ со 6,3 милиони евра, објави Призма.

Поврзани вести

Започнува дводневниот самит на лидерите на ЕУ, се решава за преговорите со Северна Македонија

Влатко Зорба

Спасовски: Сите кои имаат пензии од 5.000 денари и нагоре, да имаат најмалку 10.700 денари

Никола Поповски

Ивановска за РСЕ: Со повеќе алатки ќе се бориме против корупцијата за време на избори

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Гази Баба се заборавени и од централната и од локалната власт на СДСМ

Николовски за РСЕ: Реализиравме повеќе од 57 проценти од програмата за помалку од две ипол години (ВИДЕО)

Финскиот МНР Пека Хависто на средба со Димитров

user3