Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Бројката на починати од корона надмина 100 лица, а на Заев му се брза на избори

„Заев и СДСМ ја користат епидемијата со корона вирус да си делат милионски бизниси, концесии и да прават класичен изборен поткуп на гласачи. Заради нивното неодговорно однесување во Македонија имавме црн викенд а само вчера беа регистрирани нови 30 заболени и 3-ца починати. Со тоа Македонија ја надмина бројката од 100 жртви“, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е црн рекордер во регионот по смртност на милион жители и имаме повеќе жртви од Бугарија, Албанија и Грција заедно.

Македонија е земја во која нема никаква стратегија за решавање на економската криза која следи по здравствената, па така имаме најмал процент од БДП одвоен за помош на економијата и стопанството.

Македонија е земја во која повеќе се одвојува за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции.

Македонија е земја во која буџетската дупка за првите месеци е 200 милиони евра, без притоа да се пресметаат економските последици од кризата. Тоа е нов долг за секое семејство од околу 420 евра.

Ете како неспособната власт на Заев и СДСМ се справуваа со здравствената и економската криза.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, додаваат од партијата на Мицкоски.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките кои ги предлага владата на СДСМ се задоцнети и не го опфаќаат месец март

Мицкоски: Нема ништо криминално во моите средби со Камчев, обичен приватен разговор

Николовски: Преговарачката рамка која оди до сите земји членки потврдува дека македонскиот јазик е загарантиран

Одлуката за покачувањето на платите на просветните работници ќе биде соопштена утре

Влатко Зорба

СДСМ: Владата донесе сериозни економски мерки со кои ќе ги спасува работните места

Берта Китинска

Лидерска средба кај Пендаровски во понеделник