Политика

ВМРО-ДПМНЕ и политичкото профитерство во време на здравствена и економска криза

ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер, Христијан Мицкоски и денеска продолжија со обидите за политичко профитерство во време на здравствена и економска криза. Случајот со опремата од Словенија, во заштитни маски и ракавици, е актуелен и денеска, откако донацијата, беше преставена во јавноста како партиска заслуга на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа потврди и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

Сепак прашањето кое се поставува е дали сега е период во кој донациите треба да се квалификуваат како партиски? Ако е така, тогаш сите партии може да почнат да објавуваат чија донација по чија заслуга се, и тоа ќе заличи на изборна кампања, а не справување со вонредната состојба. Дали можеби и СДСМ треба сега секоја донација за државата да ја преставува како своја, партиска заслуга?

Се чини дека целта на ВМРО-ДПМНЕ беше да си направат политички маркетинг и тоа да го престават исклучиво како нивна заслуга. ВМРО-ДПМНЕ досега не слушнавме да спомене за други десетици, далеку поголеми донации кои стигнаа од други држави, од домашни компании и поединци.

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска преку својот Твитер профил потврди дека токму Мицкоски побарал помош поради „лошата ситуација со коронавирусот“ во земјава и во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, земјата испратиле помош на пријателска држава.

Министерство за одбрана на Словенија пак на својот официјален сајт напиша дека помошта е испорачана со авион на словенечката војска.

„Со тоа, Словенија во духот на меѓусебна солидарност се одзва на барањето на Северна Македонија, за хуманитарна помош преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста Ковид-19“, пишува во официјалната информација на МО на Словенија.

Слична порака беше испратена и на Твитер профилот на Министерството за одбрана на Словенија и уште беше додадено „Ние сме НАТО, ние сме сојузници“.

Се поставува прашањето зошто со различни ставови излегуваат новоименуваниот премиери министерството за одбрана на земјата?

Словенечката полиција пред околу два месеци потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата. Како што објави Телевизија Словенија, се работи за медиуми кои се сметаат за блиски до Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша која, пак, имала блиска соработка со Фидес на унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше објавена на порталот „necenzurirano.si“. Според порталот, најмалку четири милиони евра преку компании блиски до Орбан се дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и во Северна Македонија. Новинарите на „нецензурирано“ пишуваат дека за овие тврдења имаат документи кои, меѓу другото, давале и делумен увид во ширењето на унгарското влијание на Балканот.

Под насловот „Од каде се милионите за медиумите на СДС и Операција Македонија” во анализата се разоткрива, како што пишува, „октопод” на релација Москва, Будимпешта, Љубљана и Скопје.

„Дознаките од странство докажуваат дека највисокото политичко раководство на СДС (партијата на Јанез Јанша) е вклучено во финансирање на медиумите блиски на СДС. Имаме сомневања дека станува збор за операција за која дел од парите дошле од руски извори“, пишуваат словенечките новинари.

Според порталот, од две унгарски и една англиска компанија кои биле блиски на партијата Фидес, пари „легнале” на сметка на словенечка компанија, па од таму 1,5 милион евра биле искористени за финансирање на медиуми блиски до Јанез Јанша, а 2,5 милиони евра биле дадени за четири медиуми во Северна Македонија. Графиконот што го објави „нецензурирано“ упатува дека пари во земјава добиле „Курир“, „Нетпрес“, „Алфа“ и „Лидер“.

Авторите на текстот тврдат дека дел од парите за финансирање на медиуми во Словенија и Северна Македонија доаѓаат од Русија. Тие пишуваат дека се почнало од изградбата на една нуклеарна централа во 2014 година, кога владата на Виктор Орбан одлучила да им ја додели на Русите без јавен тендер. Владимир Путин го смета Орбан за најголем сојузник во Европската Унија, а двајцата политичари ја поддржуваат десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Уште во 2017 години, повеќе новинари известуваа за активностите на руските разузнавачки служби во ширењето на антизападна пропаганда во Северна Македонија, се наведува во анализата на словенечките новинари.

Во секој случај никој не спори дека Мицкоски му се јавил на Јанша. Не треба сепак да се заборави дека црните пари за финансирање медиуми од фондовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, според анализите на „нецензурирано“, оделе прво во Љубљана, кај медиумите на Јанша, па потоа се слевале кај медиумите на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Веројатно во последните години тие имаат честа комуникација. И двајцата имаат медиуми кои се под истрага за незаконско финансирање со црни пари од Будимпешта. И двајцата се во чест контакт со Орбан, а Мицкоски ден пред да ги објави кандидатските листи беше токму кај Орбан, кој му даде прибежиште на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега од правдата поради бројни случаи покренати против него и поради ефективната казна од две години затвор поради наместениот тендер со Мерцедесот.

Иако секоја помош во вонредна и неизвесна состојба е добредојдена и ја заслужува благодарноста и од државата и граѓаните, недозволиво е таа да се партизира за да се соберат ситни поени на маката со која сите сме соочени. Но, за ВМРО ДПМНЕ ситно партискиот интерес е поважен од се, и од здравјето на граѓаните и од напорите на институциите да се справат со последиците од пандемијата.

Поврзани вести

Трипуновски го претстави неговиот тим советници: Од денеска почнува подготовка за обнова на Македонија

Влатко Зорба

Пендаровски на средба со колегите од Финска, Кипар и Грузија во Израел

Stefanija Kuzmanovska

Мицкоски: Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство

Колемишевски: Со „Мој ДДВ“ вративме 6.9 милиони евра кај граѓаните (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Груевски тврди дека во негово време, судиите се унапредувале според „квантитативни и квалитативни критериуми“

Влатко Зорба

Мицкоски: Мора политичарите да понесат одговорност за своите погрешни политики

Влатко Зорба