Политика

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на денешната прес-конференција рече дека на разговорот со Али Ахмети што минатата недела се водеше во Собранието  не се почнати преговори.

– Со Али Ахмети имавме едночасовна средба на таа средба минатата недела во Собранието.  На таа средба Ахмети ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата која победила во македоснкиот блок. Му реков дека не се согласувам со тоа  и дека на  кај Македонците победи ВМРО-ДПМНЕ и убедливо победи, но добро тој е политичар со искуство  и му посакав среќа во преговорите. Коалицијата на ВМРО-ДПМНE има 44 ,а коалицијата на СДСМ 42 пратеника. Заедно со Беса имаат 46 пратеника. Заначи партијата ВМРО-ДПМНЕ е легитимен победник, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека принципите за коалицирање на ВМРО ДПМНЕ се јасни.

– ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања. За тоа како течат преговорите кога ќе имаме нешто конкретно ќе ја информираме јавноста. Но сега ќе почекаме да видиме што договориле СДСМ и ДУИ изјави Мицкоски.

Поврзани вести

Димитров: Изјавата на Бугарија нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на преговори

Влатко Зорба

СДСМ: Мицкоски излажа за тестовите, излажа за невработеноста, лажните вести и деструктивноста се неговиот начин на делување

Заев: Оставката е напишана, се чека само потписот на 3-ти јануари

Никола Поповски

СДСМ: Економските мерки на Владата помагаат на работниците, занаетчиите, но и на оние кои останале без работа

Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ: Во ек на пандемија СДСМ мести тендери на свои блиски

Влатко Зорба

Шекеринска: Го заслужуваме и одработивме членството во НАТО

Влатко Зорба