Политика

ВМРО-ДПМНЕ планира да поднесе иницијатива до Уставен за мандатот на Заев

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ размислуваат да поднесат иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката со која Претседателот на државава, Стево Пендаровски го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Од партијата на Мицкоски сметаат дека постои сериозна повреда на Уставот бидејќи мандатот е доделен без доказ за поседување на парламентарно мнозинство.

„Во овој момент мандатот е узурпиран од пратеникот Заев, кој нема мнозинство, а чекорот со кој Пендаровски направи повреда на Уставот е за купување на време, за давање простор за непринципиелно купување на пратеници. Кога Уставот е повреден, Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за преставка до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Манчевски: Кога веќе споменува во кои институции работат дел од позитивните случаи, зошто Стаменковска заборава да го спомене МВР

Влатко Зорба

Царовска: Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се ветуваат работи што постојат и права што граѓаните ги имаат

Дескоска: Стравот од избори ја тера опозицијата најнеписмено да спинува

Николоски: Обвинителството да отвори случај против Заев за прикривање и помагање на кривично дело (ВИДЕО)

Медиуми: НАТО има слабо влијание на Балканот, Русија ќе сака да ја дестабилизира Северна Македонија

Маричиќ: Се планира до април 2021 година да бидат усвоени измените во Изборниот законик што се однесуваат на отворените листи

Александар Петровски