Политика

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се рекламира и во изборен молк

Денеска започна изборниот молк, кој ќе трае до 21 часот на 15 јули. Во текот на 20 дневната кампања за овие предвремни парламентарни избори, која почна на 24 јуни, партиите и коалициите имаа можност да ја претстават својата понуда пред граѓаните.

Сепак за опозициската ВМРО-ДПМНЕ како да неважат законите и тие продолжуваат да се рекламираат откако на нивниот сајт obnova.mk продолжуваат да се вртат изборната програма и да се презентира програмата.

Денеска по скопските улици може да се видат и рекламните билборди на опозициската партија, кои треба да бидат повлечени.

На социјалните мрежи, исто така, течат спонзорирани објави. Покрај официјалните Фејсбук профили на политичките партии или кандидати за пратеници, има и повеќе Фејсбук страници кои сонзорираат политички видео спотови кои се без нарачател, но, содржината е пред сè со црна пропаганда за одредена политичка партија.

Од АВМУ соопштија дека според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

„За време на изборниот молк, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборна кампања“, гласи одредбата од Изборниот законик.

Поврзани вести

Јанчев нема да учествува во кампањата за изборите

Влатко Зорба

Муса: Ќе се повлечам од функцијата заменик министер за здравство за да ја расчистам оваа стапица

user3

СДСМ: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ беше партиски и без земјоделци (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Руско МНР: Проширувањето на НАТО со С. Македонија создава нови поделби во услови на глобална закана од коронавирусот

Влатко Зорба

Глигорова: Ќе се залагаме за ветинг на судиите и приватизирање на Стопанска банка

Владата објави сметка за донации за справување со кризата од коронавирусот

Влатко Зорба