Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Заев, Македонија доживува само порази

„Со СДСМ и Зоран Заев Македонија доживува само порази, а граѓаните се разочарани и чекаат ден да си заминат од државата. Апатијата кај луѓето е резултат на лошите политики во изминативе 2-3 години спроведувани од Зоран Заев“, посочуваат утрово од опозициската партија.

„Зоран Заев ветуваше дека ќе врати 600.000 иселени млади. Три години е на власт, еден човек нема вратено во државата, а дополнително нови се иселуваат. Над 75% од младите кои живеат во Република Македонија се несреќни што живеат овде, а половина од нив преземаат конкретни чекори да ја напуштат државата.

СДСМ вети подобро образование, а најдобриот универзитет во државата, Св. Кирил и Методиј е на 1816 место на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Универзитети од Африка се пред нас.

Заев вети нови работни места и 500 евра плата, 300 пилоти и што ли уште не. Ги понижи младите и нивната интелигенција. СДСМ вети живот за сите, а гледаме три години само како се вработуваат децата на функционерите. Три години гледаме само неуспеси. Три години гледаме само порази. Лошите политики мора да завршат. Апатијата мора да исчезне. На 12 април народот одлучува помеѓу Зоран Заев и Македонија. Народот ќе ја избере Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Џафери предложи дополнувања на Деловникот за одржување онлајн седници

Влатко Зорба

ГДУ: Доколку ги отворите програмите на СДСМ и ДПМНЕ, таму нема да видите ништо ново

Пратениците на Левица нема да учествуваат на фингираните седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред овие мандати

Македонски концепт ја промовираше изборната програма

Влатко Зорба

Очекувам ЕК да го вреднува напредокот на државата во услови на пандемија, вели Османи

Берта Китинска

Утврден Предлог-законот кој ќе овозможи одгледување медицински канабис, следи јавна расправа

Влатко Зорба