Политика

ВМРО-ДПМНЕ со рекација: Андреевски добил тендери за набавка на гас во Струмица од над 3.5 милиони евра

„Мафијашкото трио од Струмица Заев – Китанов – Андреевски го цедела буџетот на општина Струмица и граѓаните на Република Македонија од 2011 година до денес. Андреевски во изминатиов период преку неговата фирма Си Ен Џи системс добил тендери за набавка на гас во општина Струмица од над 215 милиони и 250 илјади денари, односно над 3.5 милиони евра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Андреевски, кој ги обвини таткото и синот Мицкоски дека преку Машински факултет наплаќале илјадници евра од проекти од државната ЕЛЕМ.

„Митко Андреевски ја почнува својата соработка со Струмица гас, ЈП формирано од општина Струмица во 2011 година, кога со неа управува Зоран Заев, како градоначалник, а директор на претпријатието е Зоран Китанов, сегашен директор на ЈП Државни патишта. Тие во 2011 година му овозможиле на Андреевски бизнис од 153 милиони и 750 илјади денари, односно над 2.5 милиони евра.

Со овој договор Зоран Заев ја оштетил општинската каса со набавка на гас по цена од 24 денари, кога истиот во тоа време од АД ЕЛЕМ за потребите на Скопје бил набавуван за 13 денари, доколку се претпостави дека и АД ЕЛЕМ на сумата од 13 денари имала профит, тогаш доаѓаме до заклучок дека струмичани плаќале 2 пари поскап гас од остатокот од светот.

Струмичани платиле една набавка на гас, како да платиле две. Оттука се поставува логичното прашање каде завршила разликата од 11 денари?!

Зачудувачки е како не се нашол никој да им продаде гас на општина Струмица по пазарна цена или можеби не требало да се најде?!

Ова се прашања на кои ЈО треба да поработи и да го истражи целиот случај, очигледно имаме премногу „случајности“ на едно место со кои се оштетува буџетот на државата.

Омилениот тендераш на Заев успешната соработка ја продолжува, и во 2018 година фирмата на Андреевски склучува нов договор со Струмица гас, во висина од 63 милиони и 720 илјади денари, односно над 1 милион евра. Со цел испорака на гас во период од 2018 – 2020 година“, се вели меѓудругото во реакцијата на опозициската партија.

Поврзани вести

Костадинов: СДСМ е за избори во прв можен рок по завршување на вонредната состојба

Хан за МИА: Имам доверба во Борисов дека нема да стави вето

user3

Ние си имавме кандидат за премиер, Еленовски не е во игра, вели Османи

Берта Китинска

Јанева и кажа на Стефанова „ороспијо и гомнарке“

Влатко Зорба

Васев: Мицкоски лаже за своето образование (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Заев со порака до младите: Ова е ваша земја, останете овде, бидете дел од европеизацијата