Политика

ВМРО-НП: Владата да каже кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав

Во врска со идејата на одредени политички партии македонската влада да субвенционира работни места по етничка основа, сметаме дека претходно треба се обезбедат два податока, прво да се направи попис во кој точно ќе се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал таквиот предлог и што ако застапеноста на македонците е паднато под 50 отсто, смета партијата на Љубчо Георгиевски.

– Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија сакаме владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав, ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се повтрди тоа ќе бараме со закон да им се овозможи на Македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност- велат од ВМРО Народна.

Поврзани вести

„Дефенс Њуз“: С.Македонија денеска до Стејт Департмант ќе го достави ратификуваниот Протокол

Филипче: Малите аптеки нема да страдаат, ќе има доволно лекови и за луѓето во малите, поодалечени места

Влатко Зорба

На конгресот на СДСМ се присутни речиси сите пратеници од актуелниот состав на Собранието

Никола Поповски

ВМРО-ДПМНЕ повикува НВО, здруженија и граѓани да се приклучат на „Обновата на Македонија“

Влатко Зорба

ДС бара едукација на граѓаните наместо ригорозни мерки против коронавирусот

Влатко Зорба

Нема договор, но има надеж за Делчев, Георгиевски планира да ги убеди Бугарите да не не блокираат

Берта Китинска