Политика

Во новиот мандат ќе отвориме 100.000 работни места, рече Заев

„Душата ни се кине кога ни заминуваат младите од дома. Одат да заработат, но тешко им е. Понекогаш монотон и тежок живот. Сега, со успесите на државата, ним дома им е иднината, тука им е предизвикот, тука мораме да ги искористиме. За две години отворивме над 60 000 работни места, во новиот мандат и 100 000 ќе отвориме само да има работа и стабилност за сите. Ова се генерациите кои ќе ја направат државата европска“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва од Крива Паланка.

„Затоа ве повикувам на 15 јули да одлучиме мудро и паметно. Нема тајни кај нас, се се знае. Секој граѓанин знае кој што и мисли на државата и затоа одлуката кого да изберете е лесна“, истакна Заев.

Потсети дека на есен ќе се отворат поглавјата со Европската Унија и дека со тоа ќе се отвораат и инвестициските фондови, дека државата ќе има повеќе пари и перспектива, а сето тоа ќе биде добра причина младите дома да си го градат животот.

Поврзани вести

Дескоска: Уредбите може да имаат правно дејство и по завршувањето на вонредната состојба

Шкријељ: Борбата што ја водевме против родово базираното насилство, преточени во закон, станаа реалност

Влатко Зорба

Заев: Опозицијата да го прифати Законот за ЈО и да докаже дека е против криминалот

Влатко Зорба

Тачи изборната кампања ја започна на гробот на Арбен Џафери

Државата мора да создава законска и друга инфраструктура за компаниите да се развиваат, вели Зибери

Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ: Да бевте одговорна политичка партија, веднаш ќе го стопиравте паралелниот увоз на инсулин

Влатко Зорба