Политика

Врховен ја потврди пресудата: Кочан останува во затвор

Врховниот суд денеска ја потврди затворската казна за бизнисменот Сеад Кочан во висина од четири години и осум месеци.

Кочан во предметот „Труст“ на СЈО е осуден за лажирање документација за учество на тендер на државната компанија ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра за ископување јаловина и јаглен од рудникот „Суводол“ во Битола.

Во предметот на СЈО со Кочан беа обвинети и Василие Авировиќ и Сафет Ветиќ, како и две фирми – „Трансмет“ и „Силекс неметали“.

Кочан лани на 31 август беше спроведен на издржување на затворската казна во затворот Идризово.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје. Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, соопштија од Врховен суд.

Поврзани вести

Пендаровски со реакција: Одговорноста за губењето на младите е на сите политички раководства, од независноста до денес

Влатко Зорба

Спасовски: Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта

Жбогар: Уште еден важен чекор за Северна Македонија на патот кон ЕУ

„Зелена лупа“ поднесе иницијатива за одговорност на тројца судии од Апелацискиот суд

Влатко Зорба

Демократски сојуз: Во изминатите триесет години направени се многу реформи за развој и подобар живот

Мицкоски од Прилеп: Се сретнав со вработените од „Еурокомпозит“, по три години лаги од Заев нема решение