Политика

Заев: Да не заборавиме колку е кревка демократијата и да не се враќаме во мрачното минато

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по повод Меѓународниот ден на демократијата упати честитка до граѓаните и порача да не заборавиме колку е кревка демократијата и да не се враќаме во мрачното минато.

„Речиси три децении градиме демократски институции и вредности, постојано и внимателно, низ славења и премрежја. Владеењето на правото, слободата и еднаквоста на сите граѓани, правото да се слушне и најтивкиот глас и да му се даде на значење во медиумското опкружување кое е слободно и разнолико, е основата врз која го градиме нашето општество“, сподели премиерот.

„Пред неколку години се соочивме со заробена држава, демократијата беше деградирана, а можноста да се учествува беше оставена на мала, привилегирана група луѓе.

Сега е поинаку, членка сме на НАТО, чекориме забрзано кон ЕУ. Политичките процеси се отворени за секого, транспарентни и инклузивни. Граѓаните повеќе не шепкаат туку говорат гласно.

Да не заборавиме колку е кревка демократијата и никогаш повторно да не се вратиме во мрачното минато. Заеднички имаме светла иднина. Одговорноста за тоа во каква држава живееме и ќе живееме е на сите нас. Да продолжиме напред, гласно и слободно, отворени кон светот!
Ви го честитам Меѓународниот ден на демократијата и ве повикувам заедно храбро напред, уште подобро и уште повеќе“, додава тој.

Поврзани вести

Димитров: Само опцијата што ја застапува СДСМ нуди европска иднина на државата

Влатко Зорба

Мицкоски: Ова е одлучувачки момент, ова не се обични избори

Уште девет членки на ЕУ се потпишаа на писмото со кое се бара преговори за С.Македонија во март

Влатко Зорба

Лидерите на политичките партии пристигнаа на средбата со Спасовски

Влатко Зорба

Маричиќ: Од позиција на членка на НАТО да разговараме за отвореното прашање со Бугарија

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Дрога, пари и криминал се главна преокупација на власта на Заев

Никола Поповски