Политика

Заев дојде во суд, ќе сведочи за „Таргет Тврдина“

Премиерот Зоран Заев попладнево дојде во Основниот кривичен суд во Скопје за да сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.

За случајот досега сведочеа Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Поврзани вести

Мицотакис со честитка до Заев: Спремност за зајакнување на соработката на политички и економски план

Никола Поповски

Советот за социјална сигурност го поддржа зголемувањето на пензиите

Влатко Зорба

Активни на коронавирус во Скопје има 1.837 лица, трицифрен е бројот во осум општини

Влатко Зорба

Владата го утврди дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2019 година

Влатко Зорба

Меџити: Tито Петковски во 1999 година изјави дека нема потреба од гласовите на Албанците

Никола Поповски

Манчевски: Кога веќе споменува во кои институции работат дел од позитивните случаи, зошто Стаменковска заборава да го спомене МВР

Влатко Зорба