Политика

Заев: Државата ги спасува работните места на граѓаните

„Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните!“, сподели експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Драго ми е што денеска Владата на Северна Македонија прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме јас и економскиот тим на СДСМ, но и донесе дополнитени мерки.

Ова се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата со коронавирусот, мерки што ќе значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.

Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата.

Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг.

Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.

Само здравје да има, ќе има и економски напредок, ќе има и развој“, пишува Заев.

Поврзани вести

Блок: Не гледам пречка веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со С. Македонија

Влатко Зорба

Заев: Со Договорот, Бугарија презеде обврска да не поддржи во ЕУ и НАТО процесите

user3

Лажна вест: Апасиев тврди дека Могерини го одминала Заев, официјалните снимки велат поинаку (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да не бега од избори, најдобар термин за нивно одржување е средината на јуни

ДС со отворено писмо до Макрон: Вашиот позитивен став ќе има огромно влијание во Македонија

Влатко Зорба

СДСМ: Економските мерки им помагаат на фирмите, досега исплатени над 40% од кредитната линија Ковид1