Политика

Заев – Холштајн: СДСМ води сериозни разговори за формирање Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска ја информира германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн дека неговата партија води сериозни разговори за формирање ново, стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните.

Како што истакна Заев на средбата со Холштајн, развој и унапредување на економијата, како и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада.

– Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова, одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање стабилна, одговорна Влада која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот, нагласи Заев.

Поврзани вести

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се судрија и за Законот за легализација на дивоградбите

Влатко Зорба

Сасоли ја избра Северна Македонија за неговата прва официјална посета вон ЕУ

Влатко Зорба

Жерновски до Заев: Се гледаме во твојот премиерски кабинет на 13 април

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската седница, верификуван мандатот на пратеничката Ѓавочанова

Османи: Екипа од дваесетина спасувачи во координација со ДЗС заминаа за Албанија

Влатко Зорба

Заев: На изборите граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на патот кон развој и напредокот