Политика

Заев и Спасовски во посета на Стајковци: Се грижиме правично за сите, затоа што ова е држава на сите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2 Oливер Спасовски имаа средби со жители на селото Стајковци, во скопската општина Гази Баба.

Заев и Спасовски, разговарале со жители чии домови беа погодени од поплавите во 2016 година.

– Се грижиме правично за сите затоа што ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата и овде во Гази Баба, а можеме и уште повеќе и уште подобро, но мора да продолжиме по правиот пат што овозможува социјална и економска сигурност. По НАТО, ги почнуваме интеграциите и во ЕУ, а тоа носи и 2,5 милијарди евра пари од европските фондови за модерни патишта, водоводи, канализации, за европско земјоделство. Овозможивме сигурна иднина и насочени сме кон правичност и правда, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.

Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.
Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.

– Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес, рече Спасовски.

На средбите беа споделени информации за вложени 1.920.000 евра за патна структура во општината Гази Баба, реализирани два проекта за водовод и канализација и осум коишто се во тек, за вложени 12.543.248 денари за проекти за регионален рамномерен развој, за четири реализирани проекти за градинки, пет за образование, за доделени по 10.000 евра на тројца млади земјоделци, преку истоимениот проект.

Поврзани вести

Помина една недела од инцидентот на „Боемска“, Обвинителството не се огласува за Мицкоски и Андоновски

Влатко Зорба

На следните избори, Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување, рече Заев

Влатко Зорба

Бошкоски позитивен на Kовид-19

Влатко Зорба

Заев: Доколку во Собранието не се донесат суштинските закони значајни за граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат

Шекеринска: Владата инвестираше милијарда евра во инфраструктура за потребите на граѓаните

Влатко Зорба

Ковачев бара да се отстрани „бугарски фашистички окупатор“ од македонските спомен плочи

Влатко Зорба