Политика

Заев: Избори час поскоро, време е држава во целост да ги стави во функција институциите

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам, напиша на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Време е, пишува Заев, нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со КОВИД-19.

-Носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржаа координативни состаноци, делеа маски и разговараа со локалното население. Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје, пишува на Фејсбук Заев.

Поврзани вести

Спасовски побара да не се шпекулира за бегството на Спасов

Влатко Зорба

Работната група во Министерството за правда ги разгледа укажувањата од јавната расправа за законот за ЈО

Ковачев: Во ЕУ нема да влезе држава која својата национална доктрина ја темелела на фалсификувана историја

Влатко Зорба

Министерство за правда: Сега на потег се судиите и обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

НОВА: ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Силјановска

Влатко Зорба

Димитриеска-Кочоска: Има основи за сомневање за криминал во случајот ТЕ-ТО

Влатко Зорба