Политика

Заев: Кратењето на платите на администрацијата не е добра вест, но тоа реалноста

Кратењето на платите на администрацијата не е добра вест, но тоа реалноста. Јас како претседател на СДСМ не се откажувам. И ние во партијата имаме различни мислења и тоа е легитимно. Но, дефинитивно ако политичките партии сакаат да бидат одговорни партии, како што се фалиме со добрите вести, така и неблагопријатните вести треба да им ги соопштуваат на граѓаните, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на Националниот телевизски сервис.

„Не смееме да дозволиме да дојдеме до тоа државниот трезор да каже повеќе не можеме да ги алиментираме налозите за плаќање оти нема пари. Тогаш ќе нема пари за болници, лекови… Ако солидарно се организираме ќе не биде, ќе го издржиме ова и ќе го скратиме периодот на кризата. Мора буџетот да се полни за да имаме за здравство, лекови, полиција, војска, плати, пензии… Не смееме да дозволиме основните функции на државата да бидат загрозени. Колку и да е тешко, нека е тешко. Политичари што калкулираат може да се исмејуваат со ова, но политичари што се државно ориентирани и им е важна и државата и народот го соопштуваат и најтешкото. Нашата земја поминала многу тешкотии, ќе го поминеме и ова ако сме здружени, солидарни, сериозни и одговорни. Да превенираме за да не ставиме респиратори на економијата“, нагласи Заев.

Тој оцени дека мерката за намалување на платите на државната и јавната администрација за април и мај е многу солидарна и правична. Многу од оние што земаат минимална плата, како што се работниците, земјоделците, секако и компаниите се оние што го полнат буџетот.

„Од друга страна и во администрацијата оние што земаат поголема плата ќе им се намали повеќе, на оние што земаат помала плата ќе им се намали помалку. На крајот во услови кога кредитите и извршителите се одложуваат најмалку три месеци мораме да стиснеме заби и да одиме напред“, додаде Заев.

Поврзани вести

Колев: Манипулирањето и играњето на непотребен патриотизам само ќе ни ја загорчи реалноста

Влатко Зорба

Еурактив: Франција може да ја промени позицијата ако Германија прифати реформи на Еврозоната

user3

Османи: Само со консензус може да се направат измени во Законот за јазици

Влатко Зорба

Пендаровски за преговорите: Се прават последните дипломатски напори од наша страна, работата не е завршена

Влатко Зорба

Знамето на НАТО се постави на јарболот пред македонското Собрание

Влатко Зорба

Заев: На овие избори влегуваме како фаворити

Влатко Зорба