Политика

Заев: Наместо причините за поразот да ги бара во СДСМ, Мицкоски треба да се погледне во огледало

Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е заедничко за иднината на Македонија и Бугарија, а тоа е засилена соработка, партнерство и заемна доверба. Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Локално.

За превирањата во ВМРО-ДПМНЕ е неговата наводна улога, премиерот посочи дека ниту тој, ниту СДСМ немаат намера на каков било начин да се мешаат во внатрешните работи на опозциската партија.

-Разбирам дека на поразениот Мицкоски му е проблем што го потсетуваме за тоа што самиот го говореше пред граѓаните. Разбирам дека неговиот неуспех и казната од граѓаните го фрустрираат. Но, наместо причините за поразот да ги бара во СДСМ, Мицкоски треба да се погледне во огледало, таму се сите одговори за казната од граѓаните, вели Заев.

Во однос на зголемениот број на случаи на полициска бруталност на која сме сведоци деновиве, но и на напади врз полицајци, лидерот на СДСМ изјави дека било какво насилство е за секоја осуда и за тоа институциите веднаш реагираат.

– Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна, посочи тој.

Како одговор на протестите за поскапување на струјата, премиерот вели дека СДСМ ги намали и ги задржа стабилни сметките за струја, додека ВМРО-ДПМНЕ, која сега ги организира тие протести, „безобразно ги зголемуваше“.

– Само со воведувањето на евтината тарифа на струјата што го реализираше Владата што јас ја предводев, заштедата на просечната сметка за струја кај едно домаќинство изнесува над 300 денари месечно. Со новата корекција на цената, таа сметка ќе порасне за неполни сто денари, што во пракса значи дека дури и со оваа корекција заштедата на месечно ниво изнесува нешто над 200 денари, само поради тоа што сега секој ден има по два часа евтина струја, тврди Заев.

За тоа како ја гледа земјава по завршувањето на мандатот во 2024 година, истакна дека целта во овој мандат е да „донесеме целосна трансформација и европеизација на С. Македонија“, период во кој ќе гледа како државата позитивно се менува, како институциите стануваат поефикасни, како економијата напредува, а европските стандарди стануваат наши, домашни стандарди.

Целото интервју на линкот подолу:

ИНТЕРВЈУ ПВРСМ Заев: Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат

Поврзани вести

Ќучук: Една од првите задачи на новата влада е да изготви патоказ за пристапување кон ЕУ

Златковски: Без разлика на владеачката гарнитура, во континуитет добивам Еразмус проекти и преку училиштето во кое работам и со својата компанија

Влатко Зорба

Заев: Подготвени за 24-ти конгрес на СДСМ, денеска носиме големи одлуки (видео)

Никола Поповски

Силјановска: Не е добрососедство да условувате и уценувате, наместо да подржувате

Влатко Зорба

Пендаровски–Мета: Земјите од Западен Балкан да одржат Самит на кој ќе се дискутира за проширувањето во ЕУ

Maja_Serafimova

Бизнисот со канабисот причинa за расправа меѓу Заев и Милошоски

user3