Политика

Заев нема коронавирус

Претседателот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев е негативен на тестот за коронавирус, дознаваме од свои извори.

Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна изолација, сподели министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес во Владата. Двајцата имале контакт со заразен новинар.

Заев преку Фејсбук посочи дека нема симптоми на коронавирирусот, но ќе биде во изолација.

-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев на фејсбук.

Поврзани вести

Јосифовски за РСЕ: Забрана за увоз на отпад до влез во ЕУ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Димитров-Мортон: Силна поддршка на Велика Британија за европската перспектива на земјава

Заев: Граѓаните заслужуваат да се води позитивна кампања со натпревар на економски проекти и идеи

Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост

Влатко Зорба

Дендиас: По иницијатива на Скопје и Атина ќе се одржи видеоконференциска средба за побрзо враќање во нормала

Курти: Заеднички седници на владите на Косово, Северна Македонија и Црна Гора