Политика

Заев: Нема скриена амнестија за никого, секој кој го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста (ВИДЕО)

„Парламентот ги донесе законите, сега правосудството е на потег. Чекориме за правда! Собранието, со изгласувањето на законите, отвори ново поглавје во реформите“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на вечерашниот марш под мотото „Чекориме за правда“

Тврди дека сите предмети од СЈО ќе имаат правна разрешница.

„Нема скриена амнестија за никого. Секој кој го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста! Поминавме низ многу премрежја. На дело видовме што значи заробена држава, а најзаробено беше судството! Патот до правдата е тежок и спор, а сваровски судството го отежнува тој пат“, рече Заев.

Експремиерот рече дека лидерот на опозицијата Хриситијан Мицкоски, бегалецот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од вчера се целосно поразени на тема правда.

„Граѓаните со право се незадоволни од правдата. Затоа обвинители, судии вие сте на потег“, рече Заев.

Поврзани вести

Ампева: Продолжуваат манипулациите со исплата на К-15 во приватниот сектор

Влатко Зорба

Хан: Доколку ја следиме линијата на Макрон, перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност по 30 години

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството во Македонија е на дното

Влатко Зорба

Мицкоски: Избори ќе дојдат и со тоа и политичкиот крај на Заев

user3

И Николоски со закани како Милошоски: Ќе те отвориме како пупка

Влатко Зорба

Тасевски: Никој нема да понесе одговорност за тоа што се случи во МНТ

Влатко Зорба