Политика

Заев: Немав директни контанти со Спасовски, но ќе направам тест

После позитивниот тест на коронавирус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на конгресот на СДСМ во неделата, премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.

„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи.Односно, додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако се одржуваже и неопходната дистанца.Сепак, тест секако ќе направам, затоа што така е паметно и одговорно“, рече Заев.

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вчера објави дека е позитивен на Ковид-19. Кличничката слика, како што напиша на социјалната мрежа Фејсбук, му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се, наведе Спасовски синоќа во објавата на својот фејсбук профил.

Поврзани вести

Коха: Артан Груби – вицепремиер во новата влада

Никола Поповски

Николовски: Измените во Статутот на СДСМ е чекор напред кон демократизирање на партијата

Сасоли: Во С. Македонија проевропските сили се мнозинство и населението ја разбира ситуацијата

Влатко Зорба

Заев: Младите полесно ќе најдат работа ако навремено се насочат за стручните потреби на пазарот на трудот (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Шилегов: (Не) слушам баш добро – ДПМНЕ барало избори?

Влатко Зорба

Маричиќ: Избори без опозиција не е посакувано сценарио на Владата