Политика

Заев: Ние немаме намера да правиме „локдаун“

На денешниот втор ден од расправата, пратениците од опозицијата во дискусиите изнесоа резерви за тоа колку оваа Влада, ќе може да направи и да сработи во претстојниот период, бидејќи и во минатиот мандат не направила ништо за доброто на граѓаните иако многу ветувала.

И претходната Влада ветуваше се и сешто, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, но сработи повеќе криминал, корупција, распродажба.

– Ова е Влада во обид. Еден месец оваа нова Влада не предложи ниту една мерка за подобар живот на граѓаните. Прва мерка што ќе ја предложат веројатно ќе биде „локдаун“, иако тоа сега не сакаат да го кажат тоа, ќе го направат за некој ден или некоја недела. Тоа ќе значи буквално уништување на државата, рече Јанушев.

Тој имаше и забелешки на биографиите на предложените 16 лица за заменици на министрите, истакнувајќи дека голем дел од нив немаат компетенции за функциите за кои се предложени.

На ова реагираше премиерот Зоран Заев, кој рече дека не може пратеникот да се затскрива зад собраниската говорница и да вели дека ова е мафијашка влада, да обвинува за криминал и корупција без докази и оти ако имаат некави индиции треба да поднесат кривични пријави.

Во врска со забелешките за тоа кој од која позиција доаѓа на функцијата заменик министер, премиерот истакна дека , не е забрането било кој од претходно место каде работел да дојде на висока функција.

Тој реагираше и на тврдењето дека Владата спрема затворање на земјата поради влошување на состојбата со пандемијата.

– Ние немаме намера да правиме „локдаун“. Неколку пати јас и министерот за здравство и другите министри кажуваме дека никој не сака да ги затвора гражаните, економијата, објекти. Но должност кога гледаме дека бројките растат е да предупредиме дека мора да се почитуваат мерките на лична заштита и заштита на сите околу нас. Не е одговорно однесување вака да прејудицирате. На крајот има здравствена и експерска струка, иако ниту таа сака да предлага мерки на затворање. Тоа не е од ничија полза да бидеме повторно затворени дома, или да бидат затворени економските субјектите. Тоа може да се избегне доколку се почитуваат мерките, рече премиерот Заев.

Според листата доставена од Владата до Собранието, за заменик-министер за одбрана е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда Агим Нухиу.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Во Министерството за финансии заменик на министерот Фатмир Бесими треба да му биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство за заменик е предложен Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство.

Илир Хасани е предлогот за заменик-министер во Министерството за здравство. Арафат Шабани е предложен во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.

По завршувањето на Седницата на Собранието на Република Северна Македонија заменик-министрите во Владата ќе дадат свечени изјави пред претседалот на Собранието Талат Џафери.

Расправата по предлог на избор на заменици на министрите ќе продолжи по паузата.

Поврзани вести

Мицкоски: Лица во име на СДСМ нуделе привилегии, пари и амнестии на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ќе ги утврдува новите кадровски решенија во „Холидеј Ин“

Никола Поповски

Димитров на видео-конференција со Вархеји: ЕУ се покажа како вистински поддржувач на Западен Балкан во справувањето со пандемијата

Чулев гласал против одлуката за намалено ограничување на движењето на граѓаните

Влатко Зорба

ДИК вечерва го усвои Роковникот за спроведување на изборите

Влатко Зорба

Борисов: Со чувство за национална гордост се поклонуваме пред делото на светите браќа Кирил и Методиј