Политика

Заев од Кавадарци: 800 милиони евра за директна финансиска поддршка за земјоделството во следните 4 години

Во следниот период субвенциите и поддршката за рурален развој ќе бидат 200 милиони евра годишно, 800 милиони евра за 4 години. Ова е вистинска поддршка, но ќе има и за новите сорти и за отворање на нови винарски визби, за да ја зголемиме дополнително побарувачката на грозјето. Оваа година драги кавадарчани око да не ви трепне, бидејќи ги имате Заев и СДСМ кои можат многу повеќе да сработат и за виното и за грозјето. Трите години бевме до вас и оваа година ќе бидеме до вас, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање на граѓанската трибина во Кавадарци.

„ Чесна власт, иако на 15 јули оди на избори а откупот е во септември, веќе во буџетот во април ставивме 5 милиони евра, тоа се 23 милиони килограми по 14 денари да ги откупиме сите. Или 7 денари да покриеме разлика на целото винско грозје и за смедервката и за вранецот. Имаме комплетно решение, нема потреба да стравувавте. Тоа никогаш не се случило во Тиквешијата. Ова е нашето богатство, нашето сонце и нашиот трудољубив народ“ рече Заев.

Тој рече дека државата им стои комплетно за сé на располагање на граѓаните и додаде дека Владата предводена од СДСМ покрила 1 милијарда и 200 милиони евра долгови оставени од ВМРО-ДПМНЕ за спомениците, палмите и галиите, исто така со 50 милиони државата им помогна на општините да се раздолжат и денеска да се на ниво од 1/4 од долговите што ги имаа.

„ Зборуваа во земјоделството нели ако дојде Заев и СДСМ ќе ги укинеа субвенциите?! Не, не ги укинаа, ги укинаа на тие бандитите Камчевци и другите. И тие 30 милиони евра од големите компании ги пуштивме на индивидуалните земјоделци и сега имаме навремени субвенции, стигаат тогаш кога им требаат на земјоделците. Оваа година беше корона криза, а 95 % од субвенциите се исплатени и секогаш сме тука да слушнеме кога треба на народот веднаш да интервенираме“, заклучи Заев.

Поврзани вести

Советник на Чулев нападна Началник на единицата за безбедност на сообраќај во Тетово (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Бектеши: ДУИ е подготвена уште утре да излезе на избори

Шекеринска: Да се чепка во договорот од Преспа, значи повторно да се запали бурето барут на Балканот

Влатко Зорба

Владата даде зелено светло за автентичното толкување на член 11 од Законот за помилување

Влатко Зорба

СДСМ: Трипуновски е остаток од режимот на Груевски кој со години ги понижуваше и манипулираше земјоделците

Влатко Зорба

Влада: Се шират дезинформации за листата на корисници за „Купувам домашно“ и ваучерите за домашен туризам

Влатко Зорба