Политика

Заев: Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители (ВИДЕО)

Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции. Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека Државната комисија за спречување на корупцијата треба да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш. Комисијата има таква можност, потсетува, и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш.

– Извршната власт ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за проверка на потеклото на имотите и парите, на обвинителите, судиите, и нивните семејства. Антикорупциската комисија треба да ги утврди и конфликтите на интереси. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе, стои во денешната порака од претседателот на Владта на Р.Северна Македонија.

Поврзани вести

СДСМ: Спас на секое работно место, помош на секоја компанија е наша задача и цел

Берта Китинска

Жерновски: ЕУ мора да направи внатрешните реформи и проширувањето да продолжат паралелно

Анѓушев: Над 150 милиони евра ќе донесат три нови странски инвестиции кои влегуваат во земјава

Влатко Зорба

Вучиќ разговорал со Заев и Рама за „мал Шенген“

Влатко Зорба

Обука за сајбер безбедност за ученици, наставници и родители

Влатко Зорба

Граѓаните се задоволни од укинувањето на квотите за лекови на рецепт (ВИДЕО)

Влатко Зорба