Политика

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени од целиот свет

„Република Северна Македонија 27 години членка на ООН. На денешен ден се навршуваат 27 години од нашето членство во Организацијата на Обедитените Нации, најголемата и најзначајна светска организација“, вели лидертона СДСМ, Зоран Заев.

„Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет.

Ако членството во ООН во далечната 1993 година беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес членството во НАТО и преговорите со ЕУ е остварување на нашиот стремеж Република Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет.

Денес, Република Северна Македонија е признаена и препознаена како слободна, демократска земја – држава пријател на регионот и светот“,посочува тој.

Поврзани вести

Анѓушев: Младите и работната сила не може да се задржи во земјава со ниски плати

Влатко Зорба

Османи: Масовното тестирање не е прашање на ресурси, туку на стратегија

Влатко Зорба

ДС: Итни оставки од членовите на Уставниот суд

Влатко Зорба

Чулев го назначува Витков за нов началник на СВР Куманово

Влатко Зорба

Мицотакис: Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја

Влатко Зорба

Жбогар за МИА: Ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата во целиот реформски процес

user3