Политика

Заев Реконструиравме над 30 здравствени установи, продолжуваме да инвестираме во здравството

Заев: Реконструиравме над 30 здравствени установи, продолжуваме да инвестираме во здравството

Скопје, 9 јули 2020 (МИА) – Инвестицијата во Здравствениот дом во Тетово е еден од многуте примери за нашата посветеност за развој и унапредување на здравствениот систем. Обезбедени се средства за реконструкција на овие бараки, стари 50 години кои никогаш досега не биле реконструирани. По реконструкцијата предвидено е да се обнови и застарениот инвентар во службите за вакцинација и систематски прегледи.

Ова денеска го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев и носител на листа од Коалицијата „Можеме“ во Четвртата изборна единица.

– Во изминатите три години ги подобривме условите во над 30 јавно здравствени установи и инвестиравме во набавка на нова, современа медицинска опрема. Ги зголемивме и платите на лекарите специјалисти, на медицинските сестри, но и на помошно-техничкиот персонал во здравството. Со тоа, го подигнавме нивото на здравствената заштита за пациентите и овозможивме подобри услови за работа за нашите здравствени работници, кои денес се целосно мотивирани во борбата против коронавирусот, потенцира Заев.

Тој најави уште повеќе инвестиции во здравството, за уште подобар здравствен систем.

-Платите во здравството ги зголемуваме за 40 отсто до 2024 година, односно по 10 отсто секоја година. 33 милиони евра вложуваме во одделенијата за интензивна нега, за нивна модернизација и набавка на современа опрема. Овде во Тетово, набавуваме современа медицинска опрема за потребите на Ургентниот центар. Набавуваме и нови 70 возила за итната медицинска помош. Нема компромиси во заштитата на јавното здравје, изјави Заев.

Заев нагласи дека ќе продолжат да инвестираат во здравството, да ги подобруваат условите за работа и да ја унапредуваат здравствената заштита.

Поврзани вести

Шилегов: Ќе побарам разрешување на директорката на Централен оти не сака да ја смени сопственоста на Дрисла (ВИДЕО)

Влатко Зорба

СДСМ: Квалитетот на лековите и здравјето на граѓаните е врвен јавен интерес

Влатко Зорба

Ахмети: Регионот се тресе поради идеја за прв премиер Албанец

Вашингтон очекува ЕУ во март да отвори пристапни преговори со Скопје и Тирана, изјави Палмер

Stefanija Kuzmanovska

Славески: Реализацијата на капиталните инвестиции се покажа како ахилова пета на оваа Влада

Левица: Наместо да се прогласи за национален парк, Шар Планина масовно се сече

Влатко Зорба