Политика

Заев саркастично: „Бомбите“ ги пуштил Забрчанец

„После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата“, реагира лидерот на СДСМ и екс премиер, Зоран Заев на четирите аудио-снимки кои ги објави „Инфомакс“.

„Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови“, додава тој.

„Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ“, реагираа претходно од СДСМ.

Александар Митовски од „Инфомакс“ објави четири аудио-записи од разговор кој лидерот на СДСМ го води со анонимен соговорник пред изборите во декември 2016 година, а како што објаснува Митовски, снимките ги добил од свиркач.

Поврзани вести

Османи и Цакај порачуваат: Да не се користи говор на омраза

Александар Петровски

Груби: За прв пат претседавав со седница на Владата

Александар Петровски

Царовска: Да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го згази сѐ она што заедно го направивме

Џафери не се појави на судењето за „27 април“

Влатко Зорба

Николовски: На 15 јули на 100 % безбедни избори ќе победи најразноликата и најмоќна коалиција МОЖЕМЕ

СДСМ: Водиме сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат

Берта Китинска