Политика

Заев во Прилеп: Сакаме да си ја почитуваме нашата култура, којашто е составен дел од европската

„Нашата татковина припаѓа на ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и премиер на Северна Македонија, Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во Прилеп.

Тој истакна дека ние сме европејци и дека ќе добиеме одлука за почеток на преговорите, односно дека нема друг пат освен ЕУ.

Паралелно земјата работи на протоколите за ратификација од страна на земјите членки на НАТО, а Заев истакна дека со станувањето дел од Алијансата, државата станува сигурна и стабилна, а со тоа се зголемуваат инвестициите во земјата.

„НАТО е нашиот имотен лист, со завршување на ратификациите на Протоколот го добиваме нашиот имотен лист, ја обезбедивме државата. Се впишуваме во Катастарот на држави кои се сигуни, стабилнии еднакви со демократскиот свет. НАТО значи сигурност и безносност, но НАТО значи и инвестиции, повеќе пари и нови работни места. Тоа е прав пат“, порача Заев.

Поврзани вести

Владата ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година

Влатко Зорба

Честитка од Мета за успешно спроведените избори: Ова е историски настан за албанските партии

СДСМ: Историско покачување на платите на наставниците за нецел мандат

Влатко Зорба

Ќе се почитува одлуката на Владата за коронавирусот, изјави Чулев за барањата на полицискиот синдикат

Влатко Зорба

СДСМ: Пустош во енергетиката се случуваше кога Мицкоски го советуваше Груевски

Никола Поповски

Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок

Влатко Зорба