Политика

Заев за „Ал Џезеира“: Не смееме да дозволиме повторно враќање на национализмот во нашата земја

Се надевам дека мојата земја, но и целиот регион ќе направи чекор напред, затоа што сметам дека нема друга алтернатива, освен полноправно членство во ЕУ, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизисккото гостување на Телевизијата „Ал Џезеира“ во врска со препораката и добивањето на датум за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Тој потсети дека на самитот во октомври беше направена историска грешка за нашата земја кога почетокот на преговорите беше одложен за некое време, но истакна дека навистина се надева на слдниот самите дека грешката ќе биде исправена, со оглед на тоа дека „ние како земја ги исполнивме реформите кои беа барани, а тоа го потврдија сите европски лидери“.

Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија, се дел од големите чекори кои ги направи нашата земја и затоа очекувам на следниот самит во мај во Загреб е да се донесе позитивна препорака за почеток за преговори на нашата земја со ЕУ. Нашите граѓани го очекуваат тоа, Европа вети и ако сака да ги мотивира другите граѓани од соседните земји треба да го исполни ветувањето.-посочи Заев.

– Не смееме да дозволиме повторно враќање на национализмот во нашата земја, изјави Заев.

Тој додаде дека со оглед на минатото и се што претрпе оваа земја токму поради тој национализам, денес не смееме повторно да дозволиме негово враќање, туку напротив градење на Балкан на 21 век и градење на европска иднина на нашата земја и воопшто европска иднина на Балканот.

– Граѓаните тоа ќе го потврдат на престојните избори на 12 април, посочи експремиерот.

Поврзани вести

Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголем кочничар на иднината на земјата во 2019 година

Никола Поповски

Шекеринска за изборите: Државата не треба да функционира со половични институции пред новиот бран на епидемијата

Берта Китинска

ЕК предлага 12,9 милијарди евра за проширувањето во наредните седум години

Критиките кон Мизрахи беа за непочитување на законот, е не затоа што таа е жена, тврди Шкријељ

Влатко Зорба

Захариева: Ние имаме јасна позиција кон С.Македонија, ќе ги поддржуваме, но под јасни услови (ВИДЕО)