Политика

Заев за Независен: СДСМ е фаворит на изборите кога и да се случат

Рано е да се зборува за избори, навистина рано. Посветени сме целосно на борбата против пандемијата на корона вирусот и против последиците што таа ги остава врз здравството, врз економијата, образованието, социјалниот живот. Избори ќе се случат кога ќе ја победиме оваа криза и општеството ќе биде подготвено за тоа. Кога дошол тој момент ќе осетиме заедно со граѓаните и со стручните лица од здравствениот сектор, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Независен.

Тој вели дека СДСМ е фаворит на изборите кога и да се случат, и дека тоа е е јасно на целокупната јавност, особено после целосно исполнети стратешки приоритети, како членството во НАТО и одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

„Ете, затоа се овие уплашени прозивки на опозицијата, овие обвинувања што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Факт е дека опозицијата многу неодговорно се однесува за време на целата криза, во време кога сите се бориме со невидливиот непријател тие не престануваат да ја плашат јавноста преку медиумите што ги контролираат, тераат политиканство, наместо да помогнат. Впрочем, тоа е однесувањето што може да го видиме во изминатите 2,5 години и тие 11 пред тоа. Тоа граѓаните го гледаат и многу добро го знаат. Оттаму стравот од изборно соочување.

Ние рековме дека со нивните партиски демагогии нема да се занимаваме, зашто секое време потрошено на политичките неуспеси на Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е време кое треба да се употреби во заштита на населението од корона вирусот и во спас на работните места.

Но веќе почнаа да се споменуваат и можни датуми за одржување на изборите – на крајот од јуни или почетокот на јули. Реално ли е да се зборува за таква временска рамка ако во наредниот период Македонија ја стави под контрола епидемијата?Гледаме дека во соседството, па и пошироко, во Србија и Хрватска се споменуваат можни избори ова лето. Но, да почекаме, најважно е здравјето на граѓаните. Ајде заеднички да го победиме невидливиот непријател, да ги заштитиме граѓаните, да спасиме што повеќе човечки живот, полека работите да ги донесеме во новата нормала, па да разговараме и за датумот за избори“, изајви Заев.

Поврзани вести

Антикорупциска ќе го презнетира првиот квартален извештај за сработеното

Влатко Зорба

Мицкоски не гледа причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Влатко Зорба

СДСМ: Мицкоски ниту листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски

Манчевски на Code Week во Битола

Влатко Зорба

СДСМ: Пустош во енергетиката се случуваше кога Мицкоски го советуваше Груевски

Никола Поповски

Спасовски: Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта