Политика

Заев за „Танјуг“: Ако ЕУ не даде зелено светло, практично ќе го „казни“ Преспанскиот договор

Ако Европската Унија не даде зелено светло за започнување на пристапни преговори со Северна Македонија, тоа практично ќе значи дека ЕУ го „казнува“ Преспанскиот договор. Ова го истакна македонскиот премиер Зоран Заев, кој смета дека Европа не може да очекува решавање на косовскиот проблем, кој би требало да се реши по примерот на нашата земја со Грција, односно дека овој модел може да го применат Приштина и Белград за да го трасираат патот кон ЕУ.

„Сите кажуваат дека Преспанскиот договор е еден од најдобрите примери во Западен Балкан. Ако ЕУ го „казни“ овој договор, како очекуваат тогаш да се договорат Александар Вучиќ и Хашим Тачи или како ќе се мотивираат босанските лидери во Босна и Херцеговина, каде веќе година дена нема влада?“, прашува Заев.

„Се надевам дека ЕУ ќе не мотивира да останеме на патот на реформите и иднината. Ниту една земја членка нема проблеми со нас. Проблем се реформите во Унијата. Ние се надеваме дека реформите и преговорите ќе може да се одвиваат паралелно за нас и Албанија“, потенцираше премиерот.

Според Заев, Северна Македонија нема друга алтернатива.

„Алтернатива нема. Ако ЕУ не донесе одлука за преговори, ние нема да се откажеме од нашиот европски пат. ЕУ е нашата иднина“, рече Заев и додаде дека Владата може да падне ако дојде до повторно одложување, но дека ќе дојде нова, која ќе го продолжи европскиот пат.

„За ЕУ го променивме името. Направивме договори со Грција и Бугарија и ги унапредивме односите со другите соседи. Верувам дека ЕУ ќе не мотивира да продолжиме со добрата работа и да постигнуваме нови успеси“, поентираше Заев за Танјуг.
;

Поврзани вести

Јанушев: Нашето ветување се 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции

Спасовски: Полицијата бележи одлични резултати во откривањето и сузбивањето на илегалната миграција и криумчарењето на мигранти

Влатко Зорба

Мицкоски: Владата оди кон долг од над 65% од БДП (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Јовески најави истрага за бонусите и платите на обвинителите на СЈО

Влатко Зорба

Протест на НСП, бараат повисока плата за 25 отсто за секој вработен во полицијата

Влатко Зорба

Џафери: По самораспуштањето и распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно