Политика

Заев: За тие што прават криминал, се знае каде им е местото (ВИДЕО)

Треба да ја завршиме борбата за правда. Тоа го очекуваат граѓаните и тоа и ќе го добијат. Ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети. Правна држава мора да има, порача премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат“ што во моментот се одржува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ги повика надлежните институции да ја почнат постапката за проверка на имотот на судиите, обвинителите и нивните семејства, а од Судскиот совет побара да ја провери ажурноста на работата на судиите и обвинителите.

– Нема компромис со криминалот и корупцијата. За тие што прават криминал, се знае каде им е местото. Нема судија и обвинител кој ќе го запре овој процес. Еден дел од судството и обвинителството остана последна тврдина на заробената држава. Наместо да се ослободат од сопствените окови, останаа како последни упоришта на заробената држава. Ова мора да престане веднаш. Правна држава мора да има, нагласи Заев пред присутните.

Поврзани вести

ЗКП не ги ограничува истрагите на СЈО

Влатко Зорба

Курир, Република и Нетпрес предизвикуваат паника, вели Манчевски

Влатко Зорба

Нацрт-резолција на ЕНП бара итно почнување на преговори со Скопје и Тирана

Влатко Зорба

Зибери: Македонците не треба да ја гледаат еднаквоста како закана

Пендаровски го означи почетокот на работата на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа во Куманово

Измените на законот за служба во Армијата поминаа на владина седница

Влатко Зорба