Политика

Загадувањето во Скопје над дозволеното

Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 честичките на мерните станици во Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче.

Мерењата во последните пет-шест дена покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките на метар кубен во вечерните и ноќните часови, преку ден концентрациите според мерењата се пониски, но во одредени делови и периоди ги надминуваат дозволените 50 микрограми.

Така мерната станица Лисиче регистрирала загадување на 23, 24, 26 и 27 октомври. На 23-ти високи концентрации се забележуват од 19 часот до 3 часот по полноќ, на 24 исто така вечерта од 18 до 04 часот по полноќ, на 26 од 19 часот до 01 часот по полноќ и на 27, односно во изминатото деноноќие загаден бил воздухот од 18 часот до 01 часот по полноќ.

Од достапните мерења на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање во Гази Баба исто така е забежано во ноќните часови загдување на 23, 24 и 27 октомври и тоа исто со почеток од 19 часот пд до 02 по полноќ.

Во Карпош дозволените концентрации се надминати еднаш во траење од четири часа и во Карпош од 19 до 02 часот.

Среднодневните концентрации се надминати и во Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Куманово.

Поврзани вести

Власта и опозицијата го подржаа новиот Закон за Собрание

Никола Поповски

Петровска ги демантира ВМРО-ДПМНЕ: Со лажни вести нема да ја скриете вистината за оние кои ги прекршуваат мерките

Влатко Зорба

Османи утре во вонредна посета на Луксембург и Брисел

Влатко Зорба

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Влатко Зорба

Помпео во посета на Охрид и Подгорица за реафирмација на сојузништвото на САД со 29-та и 30-та членка на НАТО

Влатко Зорба

Мисајловски од Ѓорче Петров: Во минатото се градеше насекаде низ Република Македонија