Политика

Захарова: Апсурдни ни се обвинувањата за руско мешање во изборите во С.Македонија

Обвинувањата дека Русија се мешала во неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија се апсурдни, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Тешко беше да не се забележат на широко распространетите видео пораки на високи западни политичари, вклучително и на шефови на влади и на министри, за време на предизборната кампања во Северна Македонија. Тие отворено и упорно ги повикуваа гласачите во Северна Македонија да гласаат за една или за друга партија. Наспроти позадината на ова странско мешање во работите на една суверена држава, апсолутно се неосновани и изгледаат сосема апсурдни шпекулациите за присуство на одредено руско влијание, изјави Захарова.

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи ги обвини западните земји за двојни стандарди, бидејќи тврдат дека Русија се меша, а нивните лидери отворено се обиделе да влијаат на изборите во земјава.

Според неа, се изнесуваат нејасни сомнежи и обвинувањата на сметка на Русија, а во исто време „директниот западен притисок врз граѓаните на Северна Македонија се претставува како нешто легитимно“

Поврзани вести

Заев – Лофвен во Стокхолм: Силна поддршка од Кралството Шведска за европските интеграции

Влатко Зорба

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Штип е 64 гласови

Влатко Зорба

Наредната недела ќе се одлучува за датумот за изборите

Владата размислува дали да ја зголеми казната за неносење маска

Влатко Зорба

Брима Галуп: СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО ДПМНЕ

Влатко Зорба

Рускоска очекувала и други да признаат вина за „Рекет“

Влатко Зорба