Политика

Започнува дводневниот самит на лидерите на ЕУ, се решава за преговорите со Северна Македонија

Во Брисел попладнево започнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија.

ЕУ не успева да постигне компромис по ова прашање веќе година и половина, пред сѐ поради противењето на Франција, која смета дека е неопходно прво да се реформира процесот на преговори со земјите кандидати пред да се даде зелено светло за други земји. Додека огромното мнозинство членки на ЕУ сметаат дека во најмала рака треба да се даде зелено светло за Северна Македонија за да се одржи кредибилитетот на Унијата.

Шансите за Албанија се речиси непостоечки, што беше потврдено вчера меѓу редови од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го нагласи проблемот со огромниот број барања за азил од Албанија откако е укинат визниот режим за оваа земја.

Поврзани вести

Груби: Наша задача е да ги продлабочиме реформите

Шилегов: Мисајловски за мене е обичен шалабајзер, шарлатан, полуписмен примитивец

Спасовски: Конструктивна средба со претставниците на синдикатите и граѓанските организации за заштита на правата на работниците

Влатко Зорба

СДСМ: Ристески да си поднесе оставка заради инцидентот со огнено оружје

Заев: Преку проектот Мој ДДВ за три квартали се вратени 10,7 милиони евра кон граѓаните

Откажана целокупната агенда на СДСМ и Заев во наредните денови

Влатко Зорба