Политика

Започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција меѓу СДСМ и ДУИ

Продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ, соопштуваат од партијата на Заев.

„По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

Истотака, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат.

„За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста. Единствени точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите“, велат оттаму.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Христос ја победи смртта и ја врати надежта назад кај луѓето

Берта Китинска

Владата планира еднократна парична помош за граѓаните?

Османи: Коалицирањата ќе ги одредат резултатите од изборите

Влатко Зорба

Груевски: Никогаш во животот не сум го сретнал, ниту сум имал било каква комуникација со Боки 13

Влатко Зорба

Николоска: Нашата понуда е нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал

Пендаровски во Виена се обрати на тема „Преспанската спогодба-нетипично решавање на спор на Балканот“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба