Политика

Жбогар: Процесот на преговарање е инструмент што треба да ја донесе ЕУ во вашата земја

Земјите членки конечно се согласија за почеток на преговори со Северна Македонија. Ова не е само уште една одлука на ЕУ, ова е одлука за почеток на преговорите за пристапување. Нема повеќе дополнителни услови и затоа сакам да им честитам на граѓаните на земјата за нивното трпение, решителност и посветеност кон европската идеја, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за МИА.

Очекува до јуни Европската комисија, која ќе преговара со нас во името на сите земји членки на ЕУ, да подготви предлог преговарачката рамка, во која ќе биде вклучена новата методологија.

– Потоа земјите членки треба да го разгледаат и усвојат документот. Откако тоа ќе биде направено ќе се закаже првата меѓувладина седница, која го означува почетокот на процесот на преговарање. Но да повторам уште еднаш, земјите членки донесоа одлука да отворање на преговори. Нема враќање назад, тоа значи дека сега сте во возот за преговарање и тој ја напушти станицата, нагласува Жбогар.

Брзината на преговорите, според Жбогар, зависи од тоа колку брзо земјата ќе ги исполнува потребните услов и реформи, за што е потребна соработка од сите политички чинители.

– Мојот совет е да не се гледа на преговорите како на исполнување задачи што треба да ве однесат во ЕУ. Процесот на преговарање е инструмент што треба да ја донесе ЕУ во вашата земја, да донесе вистинска промена на општеството и земјата и со тоа да ги исполни потребите на граѓаните. Патот (преговорите) е подеднакво важен како и крајната дестинација (членството), оценува Жбогар.

За тоа како да се справиме со одливот на млади од земјата, за потенцијалниот камен на сопнување во реформскиот процес, но и справувањето со заедничкиот предизвик на панедмијата на Ковид-19, што е вистински тест за „солидарноста“ на Европа ќе читате во целосното интервју со Жбогар што ќе биде објавено утре.

Поврзани вести

Објавено решението за распишување предвремени парламентарни избори

Влатко Зорба

Макрон: Ги почитувам напорите на Заев и Рама, ќе ги посетам наредните месеци

user3

Нов граничен премин со Бугарија за развој на пограничните општини

Влатко Зорба

Николоски: Обвинителството да отвори случај против Заев за прикривање и помагање на кривично дело (ВИДЕО)

Касами се сретна со Филип Рикер во САД

Влатко Зорба

Заев пред средбите со Конте и Могерини: Очекувам да добијам информации од прва рака за плановите на ЕУ за проширувањето

Maja_Serafimova