Политика

Зиков: Економски гледано, пологично е по истекот на корона-кризата да се оди на избори

Новинарот Љупчо Зиков во Само Вистина на „Канал 5“ изјави дека ставот на власта за одржување избори во следниот период се поклопува со еден, според него, економски резон, особено во вакви ситуации во кое се наоѓа човештвото денес, не само Македонија.

– Со овие проблеми се соочува целиот свет. Јас мислам дека изборите треба да бидат што порано затоа што економски гледано, Македонија се наоѓа во тешка состојба и ќе биде во уште потешка. Не е тоа од политиките на СДСМ или да бил ВМРО на власт. Сите ние кои што сме работеле бизнис знаеме дека првиот квартал во годината секогаш е добар, вториот е добар, третиот е ужасен секоја година. Во летниот период и во нормални услови, економските активности паѓаат. Имаме ситуација во кој првиот квартал добро почна, вторио влеговме во корона-криза и по инерција од првиот квартал се движеа фирмите и со април и мај ние се уште ќе бидеме добри, вели Зиков.

Меѓутоа, според него правите удари од кризата во економијата ќе се почуствуваат во третиот квартал.

– Четвртиот квартал е најдобар во секоја економија, секогаш. Наместо ние тогаш да го фатиме залетот, со претпоставка дека се ќе биде нормално и нема да има втор пик, и да искомпензираме што е тоа негативно од претходните квартали, ние тогаш ќе теба, според проценките на ВМРО-ДПМНЕ па и некои Комори, тогаш ќе треба да влеземе во изборна трка каде повторно ќе настане дефект во економијата и во општеството. Ние знаеме какви патетични кампањи правиме, знаеме со што се соочуваат граѓаните, компаниите, инвеститорите во периоди на изборни кампања. Пологично е сега во истекот на кризата да ги реализираме изборите, нормално доколку има услови за тоа, вели Зиков.

Поврзани вести

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Никола Димитров и амбасадорот Гир

Хајредини: ВМРО и ДУИ работат координирано дури и кога изгледа дека не се согласуваат

Џафери ја прекина 135.седница, дополнително ќе биде закажано нејзиното продолжение

Влатко Зорба

Заев: Ќе ги поразиме сите национализми на овие избори

ЕК предлага 12,9 милијарди евра за проширувањето во наредните седум години

Сарачини: Четири одлуки во моја корист на Советот за етика се далеку од морална компензација за една децениска хајка кон мене

Влатко Зорба